ОГНОПРЕВЕНТ-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје е специјализирана и овластена компанија за услуги од областа на заштитата од пожари и експлозии.
Основана во 1992 година, компанијата е семеен бизнис кој веќе 35 години е посветен на заштита од пожари. Денес работиме од три локации — седиште и сервисен центар во Скопје и подружница во Прилеп — со сопствен деловен простор од 250 m² и вкупно расположив простор од 450 m².
Што нѐ издвојува
- Директен увозник на опрема и уреди со највисок квалитет, исклучиво од реномирани бренд производители од ЕУ.
- Професионално организиран сервисен центар со искусни стручни сервисни техничари.
- Овластување за сервис на ПП апарати и за одржување на стабилни ПП инсталации.
- Инженерски услуги од овластени ППЗ инженери и дизајн со одобрени софтверски алатки.
- Know-how и специјалистички обуки кај производителите на мнозина ПП системи.
- Кредитен рејтинг А+.
Нашата дејност
Проектирање, изведба и сервисно одржување на противпожарни конвенционални и адресибилни системи за откривање и јавување на пожар; стабилни системи за гасење со вода, гас, пенило и прашак; системи за детекција на токсични и Ex гасови; безбедносно-технички системи; продажба и сервис на противпожарни апарати и опрема за заштита и спасување; изработка на проекти, елаборати и планови; обуки и вежби за заштита од пожари.