За нас


Огнопревент инженеринг е компанија која успешно работи на полето на заштитата, а главна дејност и е изработка на стабилни противпожарни и други безбедносни системи. Друштвото врши и изработка на противпожарни проекти и елаборати, продажба на противпожарни апарати, противпожарна опрема и заштита за спасување со обезбеден комплетен сервис и оригинални резервни делови и полнила.

Компанијата постои од 1992 год. Во неа моментално работат 8 лица, со тенденција за прием на млади стручни кадри од техничка струка заради обезбедување на потребни лиценци за работење во областа на противпожарната заштита, заштита при работа и животна средина.

Дејноста ја обавува во седиштето во Скопје, како и во подружница во Прилеп која успешно работи повеќе од 5 години.

Огнопревент-инженеринг е директен увозник на опрема од познати бренд фирми во дејноста од: САД, Германија, Италија, Чешка, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска и други. Исто така, соработува со многу реномирани компании од Р. Македонија (Алкалоид АД, Фершпед, Витаминка, Прилепска Пиварница, Брилијант, Кам дооел, Еуро Табак, ТГС АД, Johnson Matthey, Johnson Controls, Feni Industry, Knauf Radika, Halbank, Sparkasse Bank) и др. Соработката е проширена и надвор од границите на Р. Македонија, со извоз на ПП апарати и друга опрема, како и сервисирање и изработка на системи во Косово.

Фирмата ги поседува задолжителните овластувања и потврди за положени стручни испити од Дирекцијата за заштита и спасување, како и сертификати и овластувања од нашите партнери во странство и овластувања за „А“ и „Б“ за Комората на овластени архитекти и инженери на Р. Македонија.

Во функција на ова се имплементирани и стандардите: ISO-9001:2008, ISO-14001:2004 и OHSAS18001:2007.

Основно мото на фирмата е стручно, чесно и квалитетно работење и постојана посветеност и соработка со нашите партнери што ја потврдува нашата богата референца.
Во иднина се планира изградба на сопствен деловен простор, со сектори за:

Производство, склад, сервис и лаборатории за безбедност и здравје при работа, противпожарна заштита и животна средина како и отворање на нова подружница во Р. Македонија и преставништво во странство.

Со оваа реномирана компанија раководи Господин Милан Клопчески, дипломиран инженер за заштита од пожари, во соработка со својот стручен тим и со надворешните соработници од Р. Македонија и странство.

timvozila